Есен
Овој студ е многу чуден,
камен пука, јас сум буден.
Штипе, боцка како шило,
ке те касне каде било.
Најчесто по образ, нос,
каде што си гол и бос.
Кога сечко дува, коси,
настинка во џебот носи.
Иако сум многу мал,
носам џемпер, волнен шал.
Ракавички топли, ете,
што бабичка ми ги сплете.
А и чизмички со нив шетам,
како птица сегде летам.
Скокам, пеам на сет глас,
не се плашам од студ, мраз.
Comments
Post a Comment