Двете ѕвезди

        Две ѕвезди, светкави точки на небото, ѕиркаа помеѓу зелените лисја  на јаболкницата.  Тие како да се чудеа на сиромаштијата во нашата малечка кукичка.  Ги гледав замечтаено низ прозорецот и им мавтав со едната рака за да ги повикам во мојата соба и да ја продолжиме играта.
         Едната ѕвезда, светло окце во темната ноќ, трепереше како да го возеше мојот сон среде белите цветови на јаболкницата, додека другата палаво ми намигнуваше, напомнувајки ми да не мечтаам толку многу.  Не можев да го оттргнам погледот од нив, ги гледав мило и ги броев нивните треперења.  Немаше поубави ѕвезди од нив.
            Никогаш не сакав да летам навреме, потскокнував на реветот со желба да ги примамам кај себе и често заборавав на својата вечера.  А тие двете, насмеани се криеја зад лисјата и цутовите на високата јаболкница како да сакаа нешто потајно да си шепотат таму, но пак брзо се појавуваа од засолништето и ме занесуваа со своите игриви трепети.
        Еднаш јаболкницата цела од корен се исуши.  Лисјата и светнаа и испопагаа како покосени.  Ѕвездите повеке не можеа да си играат криенка.
            - Каде се ѕвездите? - често прашував, но не можев да добијам одговор од никого.
             Кој знае каде отишле? Кој знае сега кое дете им се радува на тие ѕвезди од моето детство!?

Comments

Popular posts from this blog

Ластовичка

Бојата на потокот