Бојата на потокот
До потокот в гората што тече
претпазливо пријде еден елен
и откога пивна вода, рече:
,,Ко гората потокот е зелен''.
Низ полето потокот се лее
под синото небо гордо оди,
ластовичка в летот песна пее:
,,Ко небото потокот е модер''.
И потокот молкома си тече
облаците бели пат му крилат,
пеперуга бела тихо рече:
,,Глеј, потокот е бел како свила''.
Штом ѕвезди ке пламнат тивка вечер
и штом денот бои свои ке згаси,
плашливата срна, пак, ке рече:
,,Глеј, потоков ѕвездите го красат!''
Comments
Post a Comment