Есен
Овој студ е многу чуден, камен пука, јас сум буден. Штипе, боцка како шило, ке те касне каде било. Најчесто по образ, нос, каде што си гол и бос. Кога сечко дува, коси, настинка во џебот носи. Иако сум многу мал, носам џемпер, волнен шал. Ракавички топли, ете, што бабичка ми ги сплете. А и чизмички со нив шетам, како птица сегде летам. Скокам, пеам на сет глас, не се плашам од студ, мраз.